April 16, 2024, 10:05 am

Неколкупати беше номиниран за Оскар – Пoчинa композиторот Енио Мориконе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот композитор и диригент, Енио Мориконе, почина на возраст од 91 година.

Мориконе починал поради компликации по скршеницата на бутната коска, која ја скршил минатата недела откако паднал.

Тој е најпознат по музиката за филмови, а со својот квалитет се стекна со прекарот „Маестро“.

Во соработка со својот пријател од детството, режисерот Серџо Леоне, остави неизбришлива трага во шпагети вестерните, поставувајќи нови граници кога компонираше музика за филмовите.

Зад себе остави деца и внуци. Во повеќедецениската кариера Мориконе направи музика за филмовите „За шака долари“, „Беше еднаш во Америка“, „Малена“, „Недопирливи“ и многу други, а шест пати беше номиниран за Оскар.

Почесен Оскар доби во 2007 година, за значаен придонес во кинематографијата, а Оскар, како најстар добитник прими во 206 година, за музиката во филмот „The Hateful Eight” на Квентин Тарантино.

Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година и свиреше неколку инструменти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This