Неколку возила запалени на паркинг во Радишани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пожар што избувнал ноќеска во 2:50 часот на паркинг на улица „Радишанска“ во Скопје се опожарени неколку возила. Се уште не е позната причината за опожарувањето, како и од кое возило започнал пожарот.

opozareni-vozila

Како што соопшти МВР, во пожарот целосно се опожарени “Фиат Пунто“, сопственост на Г.Љ. (1997) од Скопје и “Сузуки Свифт“ сопственост на А.П.(1964) од Скопје. Делумно се опожарени “Ауди“ сопственост на правно лице, а паркирано од страна на  В.С. (1978) од Скопје и “БМВ Х5“ со бугарски национални ознаки сопственост на  правно лице “Спидекс интернационал“, а паркирано од страна на Ѓ. К. (1966) од Скопје, кои биле во непосредна близина на опожарените возила.

Пожарот е целосно изгаснат во 03.30 часот од страна на екипа од Бригадата за протипожарна заштита-Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This