НЕКОЛКУ ОПШТИНИ УТРЕ БЕЗ СТРУЈА: Делови од Илинден, Сопиште и Студеничани ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергијс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без електрична енергија утре од 8.15 до 14.30 часот ќе останат објектот на „Хавеп“, корисниците од улиците „513“ и „517“ по ресторанот „Бисер“ и „521“, како и објектите на млин „Кадино“, „Кадино Индустри Груп“ и корисниците лоцирани во нивната околина во општина Илинден.

Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Добри Дол, улицата кон гробиштата и стариот пат за село Долно Соње во општина Сопиште.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци, општина Студеничани.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, овие прекини се поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реоните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This