April 26, 2024, 12:50 pm

НЕКОЛКУ РАБОТИ КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА БЕЛАТА КУЌА :Меланија ќе ја уредува Белата куќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 20 јануари новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја презема Белата Куќа. Секое селење е стресно, а селењето во најпознатиот американски дом е многу комплицирано, бара воена дисциплина, строга организација и брзина.

img-302883

Според правилата, преселбата на новото претседателско семејство не смее да започне пред пладнето на денот на инаугурацијата. До вселувањето, тимот на претседателот целата организација ја врши виртуелно од друга локација и организира се што е потребно, објаснил Бредли Блејкмен кој бил ангажиран во тимот на поранешниот претседател Џорџ В. Буш. Тој додал дека се се одвива како воен маневар.

Претседателската резиденција, како и претходно и за Трамп, се подготвувала набрзина со најнеопходните промени пред тој да влезе во неа, додеа личната декорација на новиот шеф на САД и првата дама настапуваат после вселувањето. Обично првата дама е таа што го предводи уредувањето на просторот, па ако Трамп ја следат таа традиција, вкусот на Меланија ќе диктира како ќе изгледаат последните два ката од Белата куќа во следните четири години.

Се што внесуваат во резиденцијата, претседателот со семејството го организираат сами и сами ги плаќаат трошоците за превоз. Откако предметите на Трамп и останатите членови на семејството ќе пристигнат во Белата куќа, тие се одговорност на персоналот.

Претседателот, во случајов Трамп, има целосна слобода тој да ја декорира Овалната соба како сака, да ги смени уметничките дела на ѕидовите, книгите на полиците и мебелот.

Можеби ќе звучи шокирачки, но, забележал Бредли Блејкмен, за време на првата недела од преселување на претседателот на САД во Белата куќа, тој обично го добива прашањето како би сакал да биде организиран неговиот погреб, не дај боже, ако се случи нешто за време на неговиот мандат.

Новозибраниот претседател исто така може да си избере и сопствен главен готвач кој ќе му готви на претседателското семејство. Можеби, рекол Блејкмен, нема да им се допадне готвачот што сега е во Белата Куќа.

Новиот претседател добива и нова лимузина. Првиот поглед на претседателскиот автомобил на Трамп, „Кадилак уан“ познат и како „Ѕвер“, откри дека неговите карактеристики ќе бидат поимпресивни од оние кои ги имале автомобилите на неговите претходници. Кадилакот е опремен со оружје и топови кои испалуваат гас солзавец, а вратата и прозорците на лимузината ќе бидат отпорни за куршуми и хемиски и биолошки напади, пренесе „Дејли мејл“. Во претседателската лимузина секогаш ќе се наоѓаат и шишиња со крв која одговара на крвната група на претседателот, а која може да се употреби ако дојде до итен случај. Според информациите, автомобилот е вооружен како воените возила,а вратата е толку тешка така што Трамп нема да може да ја отвори одвнатре. Лимузината собира седум лица, а има и скриени резервоари со кислород кои ќе го снабдуваат автомобилот со чист воздух, во случај надворешниот воздух да стане токсичен.

Придружете ни се Facebook >

Веднаш до собата за состаноци има галерија со ротирачки фотографии од претседателот и негови средби со лидери и сојузници. На денот на инаугурацијата тие фотографии се заменети со фотографии од новиот лидер на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This