March 29, 2024, 11:23 am

НЕКОНТРОЛИРАН И НЕДОЗВОЛЕН ЛОВ: 333 грла заштитен дивеч ,,исчезнале” од Осогово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рок од три години од ловиштето „Осогово“ во Кочани, кое е дел од ЈП „Македонски шуми“ исчезнале 333 грла заштитен дивеч, покажа пописот на комисијата на шумското стопанство „Осогово“ во Кочани. Штетата што е направена на оваа ловиште е во периодот од 2015 до 2018 година, а изнесува 1.840.000 евра.

Токму поради негрижата за дивечот 53 годишен раководител на ловиштето „Осогово“ во Кочани заработи kpивичнa пријава, заради несовесно работење. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека во kpивичнaтa пријава стои дека раководителот поради пропуштање на должен надзор несовесно постапил во извршување на своите овластувања и должности, поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето.

– Со непреземање на должните дејствија, односно непреземање на потребните мерки за заштита и одгледување на дивечот во ловиштето, постапил спротивно на Законот за ловство, поради што дошло до намалување на 333 грла на заштитен дивеч, утврдено од страна на пописна Комисија на шумското стопанство Осогово, вели Панајотова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This