„НЕКОЈ ДРУГ ЈА ПРЕЗЕЛ КОМАНДАТА“: Нинџа сведочеше дека во Собрание биле луѓе од секторот за прикриени операции на УБК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во својот исказ пред судот обвинетиот Александар Василевски Нинџа, на денешното рочиште раскажа се што видел, слушнал и посведочил на 27 април – пренесе Фокус

 

 

Откако по наредба на Владимир Атанасовски си заминал од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се упатил кон Градската болница. При тоа Атанасовски му рекол дека е во контакт со Никола Митревски Кољо и дека е известена службата за прикриени операции и следење на УБК, пишува Фокус.

Пред Градската болница бил со Никола Бошковски и со Веле Петрушевски.

-Таму ме чекаше Бошковски и ми рече дека е во контакт со Атанасовски. Луѓето веќе беа внатре. Му свртевме на Кољо кој беше внатре во Собранието и кој ни рече дека внатре е хаос, дека луѓето тепаат пратеници. На Прскачот му кажавме да излезат сите. Бошковски го извести Атанасовски за хаосот, а овој цинично му одговори “комуњарите сакаа да бираат претседател, така им е” – рече Нинџа.

При тоа Атанасовки го известил Бошковски дека во Белата палата е шефот на кабинет на претседателот на државата, Борис Јосифовски, и дека секој момент треба да биде прогласена вонредна состојба.

Потоа го сретнал Горан Грујевски во паркот Жена борец, кој му рекол дека внатре во Собранието се 7-8 луѓе од Секторот за прикриени операции на УБК.

-Овој период почна да делува полицијата што му јавија на него од внатре, а Грујевски мене ми рече дека ова нема да биде на арно и дека некој друг ја презел командата – рече тој.

Потоа во паркот дошле останатите кои биле дел од групата. При тоа Нинџа рече дека никој од нив незнаел за она што тој го видел во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор
Фокус.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This