April 25, 2024, 10:14 am

НЕКОЈ ЛАЖЕ: Израелски весник откри дека во нападите има 224 повредени американци, па го повлече текстот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наспроти извештаите на Пентагон и тврдењето на претседателот на САД Доналд Трамп дека во иранските напади нема повредени и загинати војници, израелскиот новинар Џеки Кури кој работи во локалниот весник „Харетц Њуз“, открива дека всушност во ракетниот напад на американските бази во Ирак се повредени 224 американски војници

Според информациите на „Харетц“, американски транспортен воен авион пренесувал Американски војници повредени во ракетниот напад на Иран во базата Аин Ал-Асад во Ирак.

Според „Харетц“ авионот слетал во Тел Авив, а во него имало 224 повредени американски војници кои биле префрлени на лекување во болницата „Сураски Медикал Центар Хоспитал“ во Тел Авив.

Иранската Исламска револуционерна гарда пак, утринава информираше дека во нападот загинале 80 „американски терористи“ во нападите.

Новинарот кој ја откри оваа информација набрзо потоа на Твитер информираше дека се работи за „лажна вест“, откако претходно наводно му бил хакиран неговиот профил кој го користел за кореспонденција на англиски јазик.
Твитерџиите пак, го демантираа новинарот и го прогласија за лажго бидејќи профилот за кој тој тврди дека е лажен всушност бил креиран во 2013 година и бил користен токму од Џеки Кури.

Други пак отворија сомнеж дека се работи за притисок кој бил извршен врз новинарот оваа информација да биде што побрзо цензурирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This