April 17, 2024, 12:34 am

НЕКОЈ ПАК ,,ЛАПНАЛ” ТЕНДЕРЧЕ: Компанија за пијалоци ќе ги изработува новите двојазични табли со Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таблите со новото име на државата ќе прави компанијата Адриа Беверагес од Охрид, која според документацијата што ТВ21 ја обезбеди преку Централниот Регистер на Македонија, се занимава со продажба на големо и мало. Оваа компанија добила тендер во вредност од 1 милион и 205 илјади денари. Компанијата има обврска кога ќе побараат институциите, таа да обезбеди табли со новото име. Ова го потврди Секторот за општи и заеднички работи при Владата на РМ.


-Договорот за јавна набавка на стоки – набавка и монтажа на огласни табли е склучен на 16.05.2019 година, меѓутоа согласно член 21 од истиот наведено е дека Договорот влегува во сила по добивање на банкарска гаранција за квалитетно извршување од страна на Продавачот, а бидејќи банкарската гаранција се уште не е доставена до Службата за општи и заеднички работи на Влада на Република Македонија од страна на Продавачот, овој Договор се уште не е влезен во сила. Договорот е склучен со Друштвото за производство, трговија и услуги – Адриа Беверагес ДОО Охрид. Вредноста на Договорот без пресметан данок на додадена вредност изнесува 1.205.000,00 денари.-

Според документите, компанијата е формирана во 2014 година.

ДОКУМЕНТ ОД ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

ИМЕ НА КОМПАНИЈАТА: АДРИА БЕВЕРАГЕС ДОО ОХРИД

ГОДИНА И ДАТУМ НА ФОРМИРАЊЕ: 09.06.2014

ЛОКАЦИЈА: ДАМЕ ГРУЕВ БР.5/24 ОХРИД

СОПСТВЕНИК: ЗОРАН ПОПОВСКИ И ЗЛАТКО ПОПОВСКИ

ПРИОРИТЕТНА АКТИВНОСТ: ПРОДАЖБА НА ГОЛЕМО НА ПИЈАЛАЦИ

Дека станува збор за компанија која се занимава со трговија потврди и сопственикот Златко Поповски, кој телефонски рече дека победиле на тендерот бидејќи имале најдобра понуда.

Инаку, поставувањето на таблите со новото име не е единствена обвpcка на Владата и институциите. Тие имаат и други рокови кои треба да ги испочитуваат, а кои произлегуваат од Преспанскиот договор. Треба да се изврши контpoла и peвизија на статусот на спомениците, јавните објекти и инфраструктурата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This