Нелегална обложувалница откриена во Врапчиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гостиварската полиција откри уште една обложувалница која работела без потребните документи и дозволи, информираат од СВР Тетово. По контролата, заплената е опремата од локалот.

– Полициски службеници на СВР Тетово – полициска станица Гостивар, вчеравечер околу 19 часот извршиле контрола во спортска обложувалница во Врапчиште, која работела без потребните документи-дозвола од надлежен орган. При тоа, од лицето Н.Р. (51) од тетовски Раковец, времено му е одземена целокупната опрема што се наоѓала во објектот, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

 Тој потврдува дека меѓу одземените работи се пет телевизори, четири компјутерски куќишта, три печатачи, две тастатури, два далечински управувачи, два мауси и друго.

По целосното расчистување на сите поединости, ќе следува соодветен поднесок по Законот за игри на среќа. Пред две вечери, во соседното село Топлица беше откриена нелегална обложувалница. Заради противење и попречување на контролата, при што еден полциаец бил физички нападнат, прведени беа три лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This