Нелоска: Cнeгoт пoвтopнo ги изнeнaди Наумоски и влacтa нa СДСМ, зa 100 илjaди eвpa cитe yлици во Ѓорче тpeбaшe дa бидaт чиcти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„На 24-ти декември минатата година Александар Наумоски склучил договор за услуги за зимско одржување на улици и патишта на територија на општина Ѓорче Петров во вредност од 6.366.000 денари или над 100.000 евра според кој механизација треба да биде присутна и излезена на терен веднаш штом ќе почне да паѓа снег. Во ваквиот криминално склучен договор фирмата добитник на тендерот добива месечен надомест во текот на целата година безразлика дали има снег или не, а доколку има снежни наноси и излезе на терен добива исплата по работен час.

За овие пари сите улици во општината требаше да бидат светнатни, ама дали овие пари завршуваат каде што се наменети или во некој џеб можете и сами да процените, истакна на денешната прес-конференција Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ама снегот повторно ги изненади Наумоски и власта на СДСМ. Во текот на вчерашниот и денешниот ден има обилни врнежи на снег, улиците се непроодни, безбедноста во сообраќајот е загрозена, а функционерите на власта сеуште веруваат во розевата реалност која си ја сервираат сами на социјалните мрежи.

Додека граѓаните мака мачат со снежните врнежи и тешкото непроодно движење, Наумоски несериозно си игра со функција што ја има. Откако во текот на вчерашниот ден со своите постапки и мобилната екипа за рачно фрлање на сол уште еднаш ја направи општината Ѓорче Петров место за потсмев, Наумоски направил уште една криминална работа со која се прослави во својот мандат“.

Граѓаните на Ѓорче Петров се соочуваат со подмрзнати улици и големи снежни наноси, а фирмата која што е ангажирана постои само на страниците на овој лукративен договор потпишан од Наумоски, вели Нелоска.

Ова е изгледа уште еден бонбона бизнис на власта, односно договор спроведен по заевиот принцип ‘’евро за тебе – евро за мене’’.

Можеби Наумоски нема мака возејќи се низ неисчистените снежни улици низ Ѓорче Петров во својот луксузен џип БМВ Х5 или согласно гласините низ општината во подновата во личниот возен парк, ама граѓаните се чувствуваат небезбедни.
На граѓаните на Ѓорче Петров им е пукнат филмот од ваквото несериозно, мрзливо и криминално работење на Наумоски и СДС и на наредните локални избори ваквото однесување ќе биде поразено!, рече Нелоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This