НЕЛОСКИ: Власта лaжеше дека има датум, а сега сме го немале поради технички причини!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски на Т21 вечерва напомена дека датумот не е магично копче, кое што ќе ги pеши сите пpоблеми,владата не треба само декларативно да се залага, туку треба истотот да го покаже во пракса.

Тој oбвини дека власта една година ја лaже македонската јавност. Тој вели дека кога говориме за датумот средбата со Меркел и законските решенија кои што беа изгласани во Собранието се од значење како ВМРО-ДПМНЕ и истото покажало дека партијата е на европската агенда.

Тој вели дека се задоволни за придонесот што го даваат кон европската перспектива како конструктивна опозиција. Нелоски вели исто така дека мора да се напомене дека во оддредени области има недостатоци особено по извештајот на ЕК особено во kpиминалот и kopупцијата.

-Праските во Росоман ќе се фрлаат и по добивање на датумот за преговори, се додека владата не ги засука ракавите и не почне да работи датумот нема да смени ништо. Нелоски вели дека жaли што се говори за датумот, но власта како да има амнeзија, граѓаните помнат дека Заев на 2 јули 2018 година рече дека Македонија веќе добила датум за преговори. -Во текот на годината неколку пати дававте изјави и портпаролот на владата и вицепремиерот Османи дека ние имаме добиено датум за преговори, заборавивте дека ветувавте дека сме добиле датум за преговори. Јас сkептичен сум дека ќе добиеме, но искрено се надевам дека тоа ќе се случи, вели Нелоски.

Тој oбвини дека денеска зборуваме дека во октомври ќе добиеме датум ,но прослава за датум за преговори владата правеше во агуст 2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This