НЕЛОСКИ МУ ГО ПЛECНА КАЕВСКИ: Јас живеам во Македонија, вие во Северна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус, на телевизија 21, на прашањето на Дарко Каевски кон Владимир Нелоски дали со влегување на Македонија во Европската Унија ќе се подобри стандардот на младите и кој е неговиот став за преспанскиот договор, Нелоски рече дека не верува дека Македонија се движи кон патот за ЕУ.

-Треба да имаме на ум дека Преспанскиот договор за мене е капитyлaнтcки и не ги решава проблемите на Македонците. Според мене, иако Заев се што направи последниве 10 месеци можеби ја отвори вратата кон еу, Македонија не оди кон Европската Унија, туку во спротивен правец. Не гледам дека Македонија за брзо време ќе стане членка, наназад сме светлосни години, одговори Владимир Нелоски.

Нелоски потенцираше дека владејачката партија мора да собере храброст и да не го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека го опструира процесот за членство во ЕУ и НАТО и дека ВМРО-ДПМНЕ за важни процеси за доброто на граѓаните е секогаш заедно со сдсм и со другите партии.

Тој рече дека прашањето на референдумот не било јасно поставено и тоа била причината за негово негласање на референдумот во септември.

-Јас бев дел од европската младина на ЕПП која изработувапе резолуции кои беа предлагани до Европскиот Парламент, го одбивам обвинувањето дека сум против ЕУ и НАТО.

Нелоски му петенцираше на Дарко Каевски и дека ВМРО-ДПМНЕ живее во Македонија, а СДСМ живее во Северна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This