НЕЛОСКИ: На луѓето кои се судат за 27 април не им треба аместија туку правда и независно судство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Отвореното судио во Алфа, за таканаречената амнестија понудена од премиерот Зоран Заев вели дека од човек кој на дневна основа ги менува своите ставови може се да се очекува, па дури и ваква понуда. Нелоски истакна дека Заев е исплашен човек, односно тој е како давеник кој бара сламка за спас, па се обидува со денешната изјава да придобие нешто. Неловски вели дека денеска во парламентот јасно се видело дека сите оние клевети и невистини кои се ширеле дека ВМРО-ДПМНЕ барале некаква аместија се тотално неточни, бидејќи самиот Заев е оној кој понуди аместија.

На тие луѓе не им треба аместија, туку правда и независно судство, подвлече Нелоски кој потенцираше дека денеска ВМРО-ДПМНЕ со гласањето против дневниот ред на пленарната седница која се одржа денеска, покажале дека се на браникот на државните интереси.

Благојче Атанасовски пак кој исто така е гостин во Отворено, истакна дека веќе е јасно дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ заедно со своите коалициони партнери имаат конзистентен став, а тоа е дека нема да гласаат за уставните измени. Атанасовски вели дека Заев со денешната изјава очигледно прави обиди за да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за изгласување на Преспанскиот договор, кој доколку не е поддржан од опозицијата не може да помине, па затоа доколку се случи таквото сценарио се по очигледно е дека на повидок се нови предвремени парламентарни избори.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This