НЕЛОСКИ: Со укинувањето на дисперзираните студии , СДС прави да не може секој да студира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата министерка укинува мерка која во изминативе неколку години ја користеа голем број на студенти. Најпрво уписнината за овој вид на студии е помала, потоа трошоците на семејството за еден матурант да студира дома или во околината на нивното живеалиште е многу помала отколку да го напушти родното место и да оди во студентските центри. Сметам дека оваа одлука не е правилна и најпрво требало да се прашаат оние кои ги засега пред да се донесе ваква одлука, вели претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски во гостувањето во Алфа телевизија кој го коментираше укинување на дисперзираните студии.

-Со укинувањето на дисперзираните студии, студентите повторно се рангираат по социјален статус. Односно СДС прави да не може секој да студира. Во просек за едено семејство да прати матурант да студира некаде надвор од своето родно место во просек потребна е една просечна плата плус на семејните примања која не сите ја имаат. За разлика до сега кога матурантите размислуваа каде да студираат, односно на кој смер и кој факултет сега размислуваат во две насоки. Првиот избор е некако нивните родители да најдат средтсва дополнителни за да можат да отидат во Скопје, Штип, Битола, Охрид за да студираат или пак да не студираат и да не го продолжат образованието, истакнува Нелоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This