НЕМААТ НАДЛЕЖНОСТ НАД ОДЛУКИТЕ ЗА ИМЕНУВАЊЕ: Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна во спopoт за назначувањето на прв човек на СВР Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна во врска со спopoт околу назначувањето на прв човек на СВР Скопје.

Елизабета Апостоловска од ДИК рече дека Комисијата нема надлежност да одлучува по ова прашање и оти тоа го заснова на некои членови од Законот за влада.

Борис Кондарко, пак, додаде дека ДИК нема моќ да дава проценки за законитоста на правните акти бидејќи тоа било во надлежност на cудот.

Потпретседателот на Комисијата, Дитмир Шеху, рече дека надлежноста на ДИК би можело да се однесува на финансиските и на кадровските избори, но не и на одлуките на министерот за именувањата.

Заклучуваме дека овој документ не е акт кој се занимава со финансиски и кадровски работи за организирање на избори регулирани со законот за влада член 46 став 3 од законот за влада“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Денешната седница на ДИК е по барање на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за мислење во врска со одлуката за назначувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје. Одлуката не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This