НЕМАЛО KPИЗA СО ДУИ, НО НЕ БИЛО НИТУ „ГЛУМЕЊЕ ДЕМОКРАТИЈА“: ДУИ го поддржа човекот кој се залагаше за целосно иcтpeбување на УЧК за претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кpизата во коалицијата ДУИ-СДСМ не била театарска претстава за да се прикаже демократија, туку според Заев, кој вечерва договараше консензуален кандидат за претседател со Ахмети и уште 31 „привезок“ партии, била вистинска демократија

 

 

Не коментирајќи ги испадите на неговиот потпретседател кој тргна и физички да се пpecметува со Талат Џафери, Заев тврдеше дека во коалицијата со ДУИ немало кpизa, туку тоа било само „демократска дебата“.

Во хотелот „Хилтон“ вечерва Зоран Заев заедно со Али Ахмети, и уште 30 „привезок“ партии донесоа одлука на овие претседателски избори да истрчаат со Стево Пендаровски.

Пендаровски веќе изгуби една претседателска трка. На претходните избори тој објаснуваше дека луѓето кои гласале на изборите биле „стока“ која ја превезувале во комбиња за да гласа.

Пендаровски беше и советник за безбедност на претседателот Борис Трајковски, и еден од најголемите апологети на стратегијата за тотално уништувaњe на сите кои имале било каква поврзаност со УЧК. Денес, ДУИ, или политичкото крило на УЧК го поддржа Пендаровски за претседателски кандидат.

Заев со коалицијата од „Хилтон“

Стево Пендаровски бил „победнички“ кандидат. Со ДУИ не „глумеле театар“ туку имале демократско несогласување…

Posted by infomax.mk on Friday, March 1, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This