НЕМА АВТОБУСИ, ШТАМА ВО САНОС: Телевизија Алфа открива огромен скандал – Наместо производство на 70 туристички автобуси – во „Санос“ штама!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен чуварот и џипот со белградски таблици кој најверојатно е на газдата, дворот на фабриката празен. Ова е денешната сликата во фабриката на „САНОС“ во Скопје каде пред неполни два месеци премиерот Зоран Заев најави производство на 70 нови високо туристички автобуси за извоз, објави Алфа телевизија.

Камерата на Алфа регистрираше искршени прозорци, празни работилници, а наместо звук на машините од погонот за изработка на автомобили, барем денеска изгледаше како сите да заминале на колективен одмор.
-Чуварот на објектот, во кој од пред 15-тина дена е сместено и ЈП „Комунална Хигиена“, не дозволи да влеземе во кругот на фабриката, но ни одговори дека таму производниот процес тече со забрзана пареа.
Неофицијално, Алфа од свои извори дознава дека во фабриката „Санос“ вработени се само три лица, од кои еден службеник и две жени. Оттука се поставува прашањето како може да се направи комплетно производство на десетици автобуси со само тројца вработени? Имајќи предвид дека автобуси за извоз произведува и белгиската компанија „Ван Хул“ во скопски Бунарџик, каде работат повеќе од 800 работници, информираат од телевизијата.
Порталот „Република“ уште во јули објави дека зад оваа приказна, која во јавноста се продава како пример за успешна македонска компанија, се крие сомнеж за огромен скандал. Тие во текстот пишуваа дека наместо производство на нови автобуси, се купуваат и репарираат половни, кои потоа кои потоа преку царината се извезуваат како нов производ со што од државата прави фиктивен поврат на ДДВ на штета на народниот буџет.
-Останува даночните инспекции да утврдат како е можно да се произведат пет автобуси со тројца вработени, дали автобусите се купени половни и конечно дали ќе биде побаран поврат на данокот, пишува „Република“.
Инаку, кон средината на месец јули, премиерот Заев присуствуваше на свеченост по повод испораката пет нови автобуси – нарачка за Казахстан. Тој тогаш рече дека оваа фабрика треба да произведе уште 70 автобуси за истиот купувач и вети дека Владата ќе даде финансиска помош со цел компанијата да го зголеми производството.
Фабриката „Санос“ пред 13 години ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This