April 18, 2024, 11:25 pm

НЕМА ‘АКО’ И ‘АМА’“: Трамп нареди да се гради ѕид кон Мексико

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршни наредби за засилување на заштитата од имиграција и за обезбедување на американската граница, почнувајќи со изградбата на граничен ѕид со Мексико, кој го вети во текот на кампањата.

Првата извршна наредба е за изградба на „голема физичка бариера на јужната граница“, им изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, на новинарите. Таа ќе им ги обезбеди на агентите од Одделот за домашна безбедност „инструментите и ресурсите за да се спречат илегалните имигранти да влегуваат во САД“.

Мексико „апсолутно, 100 отсто“ ќе им ги врати на САД парите за ѕидот, рече Трамп во ТВ-интервју на Еј-би-си.

„За ова зборуваме уште од самиот почеток“, рече тој додека ги потпишуваше извршните дејства за време на церемонија во Одделот за домашна безбедност.

Втората наредба има цел да ја зајакне Имиграционата и царинска полиција (ИЦЕ) и „да им ги укине федералните грантови на градовите и државите-светилишта што имаат нелегални имигранти“, рече Спајсер.

Федералните агенции „без пардон ќе го спроведуваат законот, без ‘ако’ и ‘ама’“, рече портпаролот на Белата куќа.

Едно од клучните предизборни ветувања на Трамп беше дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико. Новиот претседател вчера ја најави мерката на својот личен профил на Твитер.

Изградбата на граничниот ѕид ќе почне „веднаш штом ќе може физички да се направи тоа“, рече Трамп во ексклузивното интервју за Еј-би-си њуз.

Активностите предвидени со наредбата се ангажирање дополнителни 5.000 агенти за гранична патрола, рекле конгресни помошници што дале изјава за Ројтерс под услов на анонимност.

Денешните наредби не се однесуваат на приемот на бегалци или за визната политика, како што медиумите претходно објавија повикувајќи се на неименувани инсајдерски извори. Таквите мерки може да се спроведат во текот на неделата, рече Спајсер.

Меѓу дејствата за кои се шпекулира дека Трамп ќе ги потпише ќе биде и 30-дневна привремена забрана за сите бегалци што влегуваат во САД, со што вкупниот број на бегалците прифатени во 2017 година се ограничува на 50.000, и суспензија на издавањето визи за граѓаните на Сирија, Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This