Нема вакцини за лица под 18 години, неизвесно како ќе се учи од септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако процесот на вакцинација се одвива непречено, сепак учениците во земјава не можат да бидат вакцинирани, бидејќи се уште не се пристигнати вакцини кои се препорачуваат за помлади од 18 години.

На прашањето на „Слободен печат“ до Министерството за здравство, за тоа дали се размислува за увоз на вакви вакцини со цел да се забрза процесот на враќање на учениците во училишните клупи од септември, одговорот беше негативен.

– Вакцините против ковид -19 се аплицираат кај лица постари од 18 години – велат од МЗ, не откривајќи повеќе детали, додека од МОН истакнуваат оти за нив најдобра варијанта е да се врати целосната настава со физичко присуство.

– Министерството за образование и наука смета дека наставата во училница е најдобрата опција за реализација на воспитно – образовниот процес и не постои подобра алтернатива. Но, како ќе биде организирана работата на училиштата следната учебна година, ќе зависи од епидемиолошката состојба и препораките на здравствените институции – велат од МОН , додавајќи дека иако се во постојана координација, сепак МЗ е институција која раководи со процесот на вакцинација во земјава.

– Во меѓувреме, МОН е во постојана комуникација и координација со Министерството за здравство кое е надлежно за спроведување на процесот на вакцинација и за сите одлуки кои тековно се носат во врска со ова прашање, јавноста навремено добива информација – истакнуваат од МОН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This