Нема вакцини од „пријателска Европа“: ЕУ нема да извезува вакцини додека не се исполнат потребите на унијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди денеска дека другите земји на ЕУ можат да го блокираат извозот на вакцини против „ковид-19“, како што тоа го стори Италија за испорака на еден контингент вакцини во Австралија.

„Тоа не беше изолиран случај“, објасни шефот на Европската комисија за германскиот весник „Виртшафтсвое“ по минатонеделната забрана за извоз на 250.000 дози вакцини во Австралија.

Италија побара забрана за испорака на 250.000 вакцини на компанијата „Астра-Зенека“ во Австралија, повикувајќи се на недостиг на вакцини во Европа и недостаток на итна потреба во Австралија.

Соочена со недостиг на вакцини, ЕУ, која започна со вакцинирање кон крајот на декември, воведе систем за контрола според кој компаниите за вакцини прво треба да ги исполнат своите договорни обврски кон ЕУ пред да можат да бидат одобрени за комерцијален извоз надвор од Унијата, пренесува AFP

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This