НЕМА ВЕЌЕ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ПО ЕДНО ЕВРО: Шилегов бара платени комуналии и kaзни за легализација на дивоградбите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Легализацијата на дивоградбите во Република Македонија мора да престане, особено на начинот што досега се одвиваше, начин што за сите единици на локална самоуправа предизвикуваше само проблеми, товари и давачки.

Управниот одбор на ЗЕЛС денеска донесе заклучок да формира посебна работна комисија која, заедно со Министерството за транспорт и врски, ќе работи на изнаоѓање законско решение по можност во сегашната законска регулатива за бесправно изградените објекти да бидат внесени во правниот систем на тој начин што покрај потребните комуналии што ги плаќа секој граѓанин или правен субјект, да платат и дополнителни пенали, односно kaзни.

-Дали тоа ќе биде преточено во законски текст на постојните законски решенија или во посебен закон ќе биде предмет на работа и на усогласување на ставовите со Министерството за транспорт и врски, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека интерес на општините е да престане легализацијата на дивоградбите што досега се одвиваше за едно евро по метар квадратен, а оној кој има бесправно изграден објект мора да ги плати комуналиите како што ги плаќа секој граѓанин и да плати соодветни пенали и kaзна за сопствената бесправна изграденост.

-Ние под правичност подразбираме изедначување на луѓето кои ги почитувале законските прописи и плаќање kaзна за оние кои не ги почитувале законските прописи, а не да бидат подредени граѓаните кои редовно си ги подмирувале давачките наспроти оние кои влегувале во свесно кршење на законот, рече Шилегов.

Тој додаде дека важно е да се изнајде решение кое нема да креира само обврски за општините, туку напротив ќе им даде и определени права. Најави дека најбрзо што е можно ќе стапат во контакт со Министерството за транспорт и врски со цел да биде изнајдено вакво решение.

Според податоците со кои располага ЗЕЛС, во нашата држава има над 70 илјади индивидуални и деловни објекти што се уште не се во регулиран правен промет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This