НЕМА ВЕЌЕ ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАР: Не го оставајте автомобилот на резидентни паркинзи, ПОЦ ќе поставува блокатори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паркинзи на Општина Центар – Скопје, од 10-ти април (среда), започнува со воведување ред на резидентните паркиралишта. Ќе се поставуваат „блокатopи“ на сите возила кои ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници – резиденти на секторот во коjшто се паркирани, со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за нивните потреби.

Поставувањето на механичко средство „блокатop“ во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1 – 960 денари и во зона 2 – 720 денари. Доколку казната не се плати во рок од два часа, возилото ќе биде отстрането со специјалното возило „пајак“.

Акцијата ќе започне во Зона 01, во секторите Дебар Маало и Градски парк, а потоа ќе продолжи и во останатите сектори со кои стопанисува претпријатието. Оваа промена се воведува заради големиот број поплakи од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари.

Жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува претпријатието, а останатите граѓани ќе можат да го регулираат нивниот престој во јавните паркиралишта со наплата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This