НЕМА ДАТУМ: Не сме ни на дневен ред на германскиот Бундестаг – се бара владеење на правото и реформи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот Бундестаг ги почна есенските сесии, но европската агенда на Македонија не се најде на дневен ред.


Според информациите на Канал 5, Македонија ќе дојде на дневен ред дури на 25 и 26 септември.

Евентуалната позитивната одлука на Берлин, вклучително и на останатите 27 земји – членки, најпрво ќе се најдат пред Советот на министри на ЕУ на 15 октомври, а нивната одлука, два дена подоцна ќе ја потврди и Европскиот совет.

Утре и задутре шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе биде во германската престолнина за да ги убеди и последните скептици во редовите на тамошната владејачка коалиција. Димитров и денеска во Брисел реферираше пред постојаните претставници на земјите членки во ЕУ за реформските процеси и потребата на земјава да добие датум идниот месец.

Дипломатската офанзива, Димитров ја започна во Брисел и во Париз, каде се сретна со државниот секретар во француското министерство за Европа. По средбата, од тамошното МНР соопштија дека од земјава бараат владеење на правото и продолжување на реформската агенда.

Позитивната одлука на Германија, како водечка сила во Европа, се очекува да биде јасен сигнал и за останатите земји членки во однос на Македонија. Сепак, се уште останува неизвесен ставот на најголемите скептици на проширувањето, Франција и Холандија, кои и натаму испраќаат воздржани пораки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This