НЕМА ДА ИМА ПОПИС, НАМЕСТО ТОА РЕГИСТАР: Владата на Заев ќе го попишува населението како да е потрошна стока!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска реши да го спроведе проектот Регистар на население, а од соодветната реализација на проектот се очекува во иднина дури и да го замени пописот, каков што е случајот со неколку европски земји, соошти владината служба за информирање.

 Министерство за информатичко општество и администрација треба да изработи решение за Централен електронски регистар на население до јули 2018 година кој ќе ги содржи следните полиња за населението во Република Македонија: Име, Презиме, Јазик, ЕМБГ, Пол, Датум на раѓање, Место на раѓање (Држава, Општина, Населено место), Лични документи (листа на документи со податоци за Број, Вид, Датум на издавање, Датум на важност, Статус, Место на издавање), Мајка (ЕМБГ), Татко (ЕМБГ), Адреса на живеалиште (Општина, Населено место, Улица, Број (Број, Влез, Стан)), Адреса на привремен престој (Општина, Населено место, Улица, Број (Број, Влез, Стан)), Државјанство (Држава, Статус, Датум на почеток, Датум на престанок), Брачен статус, Датум на брачен статус, Сопруг/а (ЕМБГ), Националност, Смрт, Датум на смрт, Место на смрт (Држава, Општина, Населено место).

Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда – Управа за водење на матичните книги, Државниот завод за статистика, Министерството за труд и социјална политика, и им укажа на Дирекцијата за заштита на личните податоци и на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, најдоцна во рок од 7 дена од денот на усвојување на информацијата да номинираат член и заменик член во работна група за изготвување на нацрт-закон за Закон за централен електронски регистар на население и нацрт-закон за Закон за електронски услуги.

За реализација на овој проект владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за внатрешни работи до 5 октомври да усогласат акциски план за спроведување на проектот Регистар на население, соопшти Владата.

На ваквата најава на Владата, реагираше и професорката Билјана Ванковска, која ваквиот проект го оцени како доказ дека Македонија повеќе не е држава, туку едноставно територија на која се попишува населението/стоката.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Сега јасно ви е зошто од зборот ПОПИС ги фаќа алергија? Бидејќи Македонија е веќе само територија, проектот ќе биде комплетен кога ќе воведат „регистар на население/стока“! Од укинувањето на концептот ПОПИС им зависи Рамковна Македонија, па затоа нема никогаш ни да го спроведат. Отиде Македонија… по ѓаволите! – вели Ванковска.

[/kopa_block_quote]

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This