НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ХИМНАТА: ,,Денес над Македонија” останува непроменета

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националната химна “Денес над Македонија” останува непроменета и споменувањето на името останува исто по објавата на Владата дека донела одлука за преименување на дел од државните и јавни институции согласно Договорот од Преспа, појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Освен што потврди дека химната нема да се менува, тој информира дека во моментов тече координација со академиците и деновиве ќе биде објавено за преименувањето МАНУ. Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски.

Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората Светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија. И Македонски Брод и Македонска Каменица, единствените топоними во Република Македонија, кои ја содржат продавката „македонски“, куртулија од договорот за решавање на спорот за името. Договорот ги поштедува овие градови, па така, тие и во иднина ќе продолжат да се викаат Македонски Брод и Македонска Каменица.

Значи, остануваат Македонски иако на социјалните мрежи веќе неколку дена се коментира дека овие два града ќе бидат сменети во Национална Каменица, односно Национален Брод.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This