НЕМА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ РОКОТ НА СЈО: Обвинителството ќе престане со работа согласно договореното!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на изборите ги очекува историска победа, а СДСМ нов историски пораз, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот на коалицијата вечерва во Свети Николе.

gruevski_sjo

Според Груевски, минатиот труд и новата програма „Реално“ ќе донесат нова голема победа. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи заради повеќе причини, сработеното, ветеното, исполнетото,…Причина поради која треба да се победи СДСМ, според Груевски, е кризата во која ја втурнале државата во изминатите две години, а која сите граѓани сакаат да заврши.

– Само добивање 63 пратеници во Парламентот  е гаранција дека ќе заврши политичката криза, рече Груевски. Секој, истакна, треба да излезе и да гласа за завршување на кризата и против сите оние кои сакаат на разни начини да ја продолжат. – Некои сакаат да ја продолжат со т.н широка влада, некои со продолжување на рокот на работењето на СЈО. Треба да знаете дека секој што бара од Македонија да се продолжи работењето на СЈО повеќе од  договореното всушност свесно или несвесно сака продолжување на кризата, рече Груевски.

Упати критики до опозициската СДСМ за, како што рече, лажењето на сопствениот народ за бројот на фантомски гласачи, како и за најновата теорија дека воделе на сите анкети. Заев, наведе, за 11 години не обезбедил ниту една странска инвестиција во Струмица дури и кога Македонија е 10 земја по водење бизнис и со најниски даноци во светот и не го исполнил ветувањето  дека ќе изгради индустриска зона.

Потенцира дека откако ВМРО-ДПМНЕ е  на власт невработеноста е намалена од 38 проценти на 24 проценти и оти во следните четири години ќе се намали на 17 до 18 отсто и ќе се отворат 70.000 нови работни места.

Истакна дека многу жители од Свети Николе се вработиле во компаниите во Технолошко индустриската развојна зона во Штип,  една од 14-те отворени низ Макеоднија. Мерките кои биле преземени, како што рече, помогнале да се намали невработеноста за 52 проценти, а бројот на вработени од 3.090 да се згоолеми на 5.400. Асфалтирани се, наброја, повеќе регионални патишта, изградени и обновени се локални патни правци, нова училишна зграда, спортска сала, фудбалско игралиште, два тениски терена. Земјоделците во Светиниколско добиле 15 милиони евра субвенции, а за механизација се доделени 70 милиони денари.

– До крајот на следната година ќе се доврши изградбата на автопатот Скопје – Штип, во должина од 47 километри, инвестиција од 206 милиони евра. Во завршна фаза е реконструкцијата и градбата на државниот пат  А3,  делницата Велес – Штип – Кадрифаково во должина од 24 километри за што се вложени 15 милони евра, рече Груевски и додаде дека се планира реконструкција на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, инвестијција од 3,5 милони евра.

Програмата „Реално“ предвидува 3,5 милиони евра за проширување на хидросоистемот „Брегалница“, отворање градинка, спортска сала и повеќенаменско изгралиште во Ерџелија, доградба и проширување на градинката во Свети Николе,  кое ќе добие гас за што се бара јавно приватен партнер за градење на секундарната мрежа.

На митингот се обрати и носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Илија Димовски.  Во Свети Николе, потенцира, се отворени 2.306 нови работни места. Во источна Македонија се инвестира само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, рече Димовски.

Dnevnik.mk

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This