April 24, 2024, 12:10 am

НЕМА ДНО НА ПРОПАГАНДНИОТ РЕЗИЛ: Руската Амбасада нема да одговара на вакви недолични и срамни прашања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чини дека нема крај кога станува збор за дното кое секојдневно го пробива медиумската булумента, предводена од пропагандните потреби на различни центри на моќ. Таков е и примерот со т.н. новинска агенција „Макфакс“ која откако во живо го „следеше“ апсењето на Груевски во неговиот стан, на електронската адреса на руската амбасада испратиле прашања од кои би се засрамил секој професионалец во новинарскиот еснаф


Без новинарска етика, без дипломатски речник (кој кај новинарот е задолжетелен кога се обраќа на дипломатскиот кор), без презентирање на контекст на прашањето заснован на индицран сомнеж, од редакцијата упатиле низа на прашања за вмешаност на руската амбасада во бегството на Груевски од Македонија.

Неподготвени, и вчудоневидени од ваквиот игнорантски однос, и брутален обид за пропагирање на русофобија, Руската амбасада ги објави прашањата на официјалниот Твитер профил.

„Ова е вистински меил со прашања што го добивме пред малку од @Makfax. Ги објавуваме како сведоштво за степенот на #параноја која намерно се создава околу @Russian_Emb_MKD. Друг коментар освен овој на вакви прашања нема да има“ – велат од Руската амбасада.

Реакцијата на нашата редакција воопшто не е обид за одбрана на нечии странски интереси, како што би сакале некои про-владини медиуми да претстават, туку едноставен обид за зачувување на образот на новинарскиот еснаф.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This