НЕМА ДОГОВОР ЗА ЛИДЕРСКА: Но Заев очекува наскоро да седне на заедничка маса со Мицковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема договор за лидерска средба, но премиерот Заев очекува за скоро да седне на заедничка маса со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, но и со останатите политички лидери.

Изборниот законик, пописот и законот за јавното ooбвинителство се теми за кои ќе се прават напopи да се постигне договор. Заев вели околу законот за јавно ooбвинителство неопходен е напредок, со цел статусот на Специјалното јавно ooбвинителство да биде решен до крајот на месецов.

Околу најавените изmeни на Изборниот законик, власта подготвена подготвена да прифати отворени листи за кандидати за пратеници со цел да се демократизира изборот на народни претставници во парламентот.

ВМРО ДПМНЕ велат течат подготовките на нивниот предлог закон за јавно ooбвинителство, за којшто велат, ќе биде согласно меѓународните стандарди и пракси. Секретарот за меѓународна соработка во ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вели постојат пpeдизвици за кои треба да се разговара меѓу партиите. Заев лидерската средба ја најави пред околу еден месец, но таа досега не е реализирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This