НЕМА ДОГОВОР СО ВЛАДАТА: Вработените во „Еурокомпозит“ не постигнаа договор со Заев, остануваат во шаторите пред Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во „Еурокомпозит“ кои протестираат пред Владата во Скопје, не постигнале договор со премиерот Зоран Заев на попладневната средба.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ точка на сопнување бил рокот за исплата на платата за вработените.

– Остваривме средба со премиерот Заев. Се согласуваме на предлогот во рок од три месеци да тече постапката за решавање на состојбата со фабриката, да се распише тендер и да се објави за да се пријават стратегиски партнери зашто имало три-четири заинтересирани комапнии. Во меѓувреме да тече и постапката за 100 до 120 вработени да заминат технолошки вишок. Единствено не се согласуваме за исплата на платата во рок од 30 дена. Доколку ни се исплати плата веднаш, ние ќе се вратиме на работните места, ни изјави Богданоски, потврдувајќи дека остануваат на протест пред Владата.(МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This