Нема државјанство со тројца сведоци, се предлагаат неколку други услови за олеснување на добивање на државјанство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема државјанство со тројца сведоци. Премиерот Зоран Заев на состанокот во понеделник со лидерите на опозицијата од редовите на Албанците, Зијадин Села и Африм Гаши ќе оди со измените на Законот од 2004 година со кој статус на граѓанин на Македонија се добива по исполнување на еден од 15 – те потребни критериуми. Кои се тие критериуми, Заев вели дека ќе бидат познати во понеделник, пишува Алсат

Премиерот е оптимист дека следната средба ќе донесе позитивен резултат и опозицијата ќе ја прифати неговата понуда. Предлогот што премиерот Зоран Заев ќе им го открие на опозициските лидери за да се стави крај на спорот со Предлог законот за државјанство предвидува 15 олеснителни одредби за лицата без државјанство. Во овој Закон, постапките главно се засноваа на наследено државјанство од предците и негово стекнување врз основа на живеалиште на територијата на Македонија.

Предлог одредби за олеснување на постапките за државјанство

– Лицата чии родители (едниот или двајцата) биле државјани на Македонија во моментот кога се родило лицето кое бара државјанство;

– добивање статус на државјанин на РСМ врз основа на престој во земјата (15 години до 2004 година и 8 години непрекинат престој од 2004 година наваму);

– лица кои имаат статус на имигрант или лица без државјанство;

– раселени лица од РМ (со повлекување од државјанство) и нивни потомци од прва генерација, лица постари од 23 години родени надвор од РМ чиј родител е државјанин на РСМ;

– добивање на државјанство врз основа на брак ако барателот живее во РСМ;

– добивање на државјанство врз основа на брак ако барателот не живее во РСМ;

– врз основа на национален интерес;

– друг посебен интерес (спортски, научен, економски, културен и сл.);

– добивање на државјанство на малолетник чии родители исто така се стекнале со државјанство како родени во оваа земја;

– привилегирана одредба за странци кои се затекнати во земјата во периодот 1992 – 1993 година, поранешни граѓани на југословенските републики

– Привилегирана одредба за странци затекнати во земјата во периодот 2004 – 2006 година, поранешни граѓани на југословенските републики.

Законот од 2004 година предвидува и социјални услови, а во овој случај се јавуваат дилеми бидејќи голем број лица без државјанство, освен тоа што не користат социјална помош, немаат ниту сигурен приход. Дополнителен проблем останува и мислењето на органите за безбедност, како филтер каде повеќето од лицата без државјанство се вкрстени во извештаите за државна безбедност како лица опасни за државата. Во периодот 2004 – 2005 година, вкупно 2.677 граѓани на Македонија добија државјанство. Од 2007 до 2019 година, бројот на граѓани кои се стекнале со државјанство е преполовен во споредба со периодот 2004 – 2006 година. Средбата Заев – Села – Гаши со координаторите на пратеничките групи ќе се одржи во понеделник во Собранието. Во случај да има договор, опозицијата најави деблокирање на Собранието. Во спротивно, блокадите ќе продолжат за секој нов закон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This