НЕМА ЖИВОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НЕВЛАДИНИ: Поддршка од владата добиваат само невладините на Сорос!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинските непрофитни граѓански организации останаа исклучени од процесот на новата влада предводена од Зоран Заев, која вчера одржа состанок само со соросовите организации во земјава.

Заев вчера во Владата одржа состанок на кој можеа да се забележат истите оние ликови претставници на соросовиот НВО сектор чии организации се финансирани со пари на милијардерот Џорџ Сорос.

Меѓу присутните беше и главниот медиумски стратег на СДСМ, Бранко Героски, кој е уредник на два медиуми под контрола на СДСМ, како и низа други ликови за кои во јавноста е познато дека се финансирани со соросови пари и на секој можен начин се обидуваа да ја оцрнат претходната власт.

Средбата на Заев со соросовите организации дојде откако Владата го стопираше финансирањето на неколку невладини организации во висина од 850.000 евра со одлука донесена од претходната Влада.

Без никакви аргументи зошто го блокира финансирањето на организациите кои добиле средства, во владиното соопштение само паушално беше нагласено дека ваквиот чекор бил превземен поради тоа што одлуката ја потпишал поранешниот вицепремиер Никола Тодородов, а тоа раѓало сомнежи за злоупотреба на овие пари.

Во меѓувреме, голем број организации кои добиле средства со одлуката на претходната влада јавно реагираа, а некои од нив најавија и тужби за новата влада.

-Согласно потпишаниот договор, ние сме почнале со изработка на проектот и настанати се првите финансиски импликации за имплементација на истиот. Ние бараме Владата веднаш и без никакво одлагање да ни ги исплати средствата за имплементација на проектот. Ние како организација ја почитуваме одлуката на Владата да побара да се направи ревизија на одлучувањето за доделување проекти. Ја охрабруваме владата и Државниот завод за ревизија да направат комплетна ревизија на процесот на доделување на проектите и доколку се најдат наоди за злоупотреби, сите оние кои учествувале во процедурате на доделување и одлучување за поддршка на проектите, да бидат кривично гонети. Сепак, одлуката за правење ревизија по проектите на никаков начин не смее да го запре процесот на исплата на проектите бидејќи за истите постојат решенија и договори, и расходите за нивно имплементирање се започнати“,, стоеше во соопштението на здружението „Јасна иднина“.

Во реакцијата невладината известува дека за сите направени расходи за проектот ќе поднесат тужби за надомест на штета против Владата бидејќи нивните правни застапници ги известиле дека Владата нема право да го запре спроведувањето на проектот на никаков начин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This