НЕМА „ЖИВОТ“ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО БИТОЛА: Градоначалничката го укинала бесплатниот превоз за преку 500 ученици!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска не ја исполнува законската должност и не им обезбедува бесплатен автобуски превоз на учениците истакна советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Битола на денешната седница на советот на општината.


– Зошто не ја исполнувате законската обврска да им обезбедите слободен превоз на учениците и со тоа заедно со директорите кои вие ги поставувате се изложувате на кривична одговорност и што е најстрашно директно го колабирате воспитно- образовниот процес во Општина Битола. Ја злоупотребувате безочно функцијата градоначалник и вработувате свои блиски , како што го вработивте вашиот брат, рече советничката Анита Ангелеска.

Родителите на учениците од околните населени места околу Битола постојано се жалат на укинатиот беспатен автобуски превоз иако слободниот превоз им следува со закон. Имено околу 500-тина ученици од Новаци, Могила, и други околни населени места остана без бесплатен автобуски превоз откако Петровска седна на градоначалничката фотелја.

Според Петровска општината нема доволно пари за да им овозможи на децата бесплатен автобуски превоз, но затоа според неа има доволно пари во буџетската каса за партиски вработувања. Нејзиниот брат по доаѓањето на власт на СДМС таа го вработи како наставник по математика во ОУ „Елпида Караманди“, а пак заменик градоначалничката Емилија Костурски го вработи својот сопруг во општината. Очигледно градоначалничката Наташа Петровска смета дека непотизмот и вработувањето на партиски кадри се по приоритетни од тоа да им ги овозможи на децата од околните населени места превоз до Битола.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This