April 18, 2024, 11:52 am

НЕМА ЗАПИСНИК ЗА ИЗБОРОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ: Заев сепак, не гледа проблем во тоа што нема записник за „изборот“ на Талат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев вели дека не гледа никаков проблем во тоа што Талат Џафери е поставен на позицијата Претседател на Собранието без при тоа да се изготви записник за седницата за неговиот избор. Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека граѓаните можеле да видат како бил избран Џафери и дека токму тие се гаранцијата за неговиот избор, а записникот од Седницата бил само формалност.

-Видливо беше како се направи изборот во услови кога по 32 дена блокирано Собрание, со должно внимание и водење грижа за сите аспекти, се спроведе процедурата и се гласаше со мнозинство за избор на претседател на Собранието, изјави Заев.

Веројатно има начин записникот да се стави на хартија, вели Заев, иако тоа не е направено и повеќе од една година, а Џафери во кус телефонски разговор за Алфа изјави оти не знае кога записникот ќе се официјализира.

-Доказите се гледаат и достапни се до јавноста. Верувам дека тој записник може да се преточи на хартија затоа што тоа е визуелно евидентно и верувам дека Собранието ќе ги формализира своите постапки, додаде Заев.

„Тој е напишан ама не е ставен на седница. Не е ставен на дневен ред до сега оти немаше услови за тоа. Кога ќе биде ставен не знам, веројатно кога ќе се создадат услови“ изјави Џафери за Алфа.

Непроцесуирањето на записникот и документацијата од Собранието ја опструира работата на обвинителството. Од таму велат неколку пати барале од Парламентот да им биде доставена целата документација за спорниот собраниски ден- за да може да се движи постапката во врска кривичната пријава против Џафери и други пратеници за нелегалниот избор лани. Но од законодавниот дом не добиле ништо.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This