НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Македонија во рецесија, се движи кон банкрот, лебот поскапува, пари за плати нема, а пензионерите со намалена пензија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ ги извиси пензионерите и го укина зголемувањето на пензиите во време кога Македонија влегува во рецесија и се зголемуваат трошоците за живот.

Пред изборите СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, а потоа само продолжи со своите лаги. Се обидоа со „извртена математика“, со менување на изјави, со погрешни пресметки и со манипулирање

Пред да дојде СДСМ на власт, пензионерите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ речиси секоја година добиваа по 670 денари месечно покачување. Сега, наместо покачување, СДСМ на пензионерите им “протнува“ порамнување од само 180 денари месечно.

Пензионерите уште минатиот месец реагираа на тоа што пензиите им останаа исти.

Од новата влада очекувале повеќе, бидејќи во предизборната кампања СДСМ ветуваше достоинствен живот за постарите граѓани. Со минатогодишните зголемувања на пензиите од 600-тини денари успевале да ги покријат трошоците за сметки, лекови и храна, сега стравуваат како ќе го поминат месецот.

Од Сојузот на здружението на пензионерите велат дека мора да се размислува за дополнително зголемување на пензиите, особено за 170.000 пензионери чии месечни примања се под просекот. Кај нив покачувањето за минатиот месец ќе биде помалку од 100 денари, вели претседателот Аргировски.

–Во овој случај, со најмала пензија 8.500 денари ќе земе само 80 денари, а ако земал 640 денари значи дека губи околу 500 денари. Значи со други зборови, треба да се размислува како да им помогнеме на тие што имаат помали пензии, вели Аргировски.

Во изминатите десет години, најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, скокна на 8.895 денари во декември 2016 година. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари, што е зголемување за 79%.

Четири месеци по ред расте индексот на трошоците на живот во споредба со истиот период од лани.

Државниот завод за статистика објави дека индексот на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, бележи пораст од 1.7 отсто, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.1 процент.

Ваквиот раст се бележи откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт.

Ова не е единствениот економски податок кој оди во негативен правец по доаѓањето на СДСМ на власт.

Трет месец последователно се бележи пад на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори со што е намалена конкурентноста на македонската економија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This