НЕМА КРАЈ НА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Американски мировен корпус доаѓа во Македонија пред референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова група од 55 американски граѓани во Македонија кои ќе работат како волонтери во Мировниот корпус ќе пристигне во недела. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во Македонија.

Волонтерите ќе бидат пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировен корпус во Македонија, Марк Ханафин, како и дел од вработените.

За време на нивниот двегодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.

Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 23-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Македонија ќе ја почнат во декември.

Досега над 750 американски државјани волонтирале во Македонија од 1996 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This