НЕМА ЛЕКОВИ ВО ДРЖАВАТА: ФЗОМ ги остави граѓаните без основните лекови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фондот за здравствено осигурување ги остави граѓаните без основните лекови. Досега не се случило осигурениците да не можат да ја подигнат својата месечна терапија која е на товар на Фондот. Во период на настинки, вируси и респираторни заболувања нема антибиотици и лекови за хронично болни во аптеките, истакна Виктор Камиловски на денешната прес-конференција.

-Ситуацијата е алармантна. Спрејовите Фостер и Спирива потребни на лицата болни од белодробни заболувања (Aстма и ХОББ) односно хроничен бронхит, не можат да се најдат во аптеките во услови на енормна загаденост. Доколку ги има, пациентите треба да ги купат приватно, односно да одвојат околу 6 илјади денари од својот џеб. Од ова зависи животот на пациентите, а тие се малтретираат секојдневно одејќи во аптеките, надевајќи се дека надлежните ќе ja средат овaa медикаментозна криза, нагласува Камиловски.

Тој посочува дека здравствените осигуреници, секој месец плаќаат здравствен придонес и за тоа треба да добијат соодветна услуга.

-Во Република Македонија има околу 770 аптеки со кои Фондот за здравствено осигурување има склучено договор, но за жал лековите што одат на рецепт ги нема, ама затоа ги има за пари. Фондот фиктивно ги намалува цените за лековите, а од друга страна доплатата за лекот е поголема, односно граѓаните си ја плаќаат од свој џеб. Секоја година на почетокот вообичаено се зголемуваше квотата за лекови во аптеките. Зошто не е направено тоа годинава? Зошто не е зголемен буџетот за квоти во аптеките? Дали е тоа поради тоа што на здравството му се заканува финансиски колапс?, прашува Камиловски.

Тој нагласува дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е пред се вашето здравје. Болеста и лекот не препознаваат партиска, верска или етничка припадност. Вистинскиот лек му е потребен на болниот, во точно време и на право место, а тоа се аптеките. Пациентите не бараат ништо друго освен она што го заслужуваат.

-Затоа му предлагаме на Фондот за здравствено осигурување, итно и неодложно да ги зголеми месечните квоти на аптеките за лекови за пациентите навреме и благовремено да си ги добијат своите медикаменти, додава Камиловски.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This