НЕМА ЛЕТАЊЕ ВО ОБЛАЦИ: Само со заеднички сили, дисциплинирано и со мотивација, како тим можеме да направиме резултати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мора да бидеме сто процентни, секој играч мора да биде сконцентриран и фокусиран. Мора да одиме чекор по чекор и да бидеме скромни. Тоа е она што е карактеристиката на нашиот македонски народ, луѓето тоа го сакаат. Нема кревање во облаци и да не се замислуваме кои се ние. Мора да пратиме порака дека можеме само со заеднички сили да се бориме како тим, тоа луѓето го сакаат, вели селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар

lino-cervar-640x467

-Јас повеќе пати им кажав на играчите, тоа е важно колку и победата, да бидеме тим. Тоа беше и голем комплимент од селекторот на Тунис кога кажа дека тие играле индивидуално,а ние како тим. Тоа е убаво да се чуе. Одбрана победува, а нападот го губи натпреварот. Не би сакал да се оправдувам, но хендикеп беше што Марковски се повреди бидејќи цело време работевме со него. Да го форсираме на преден играч во одбраната 5-1, а планот Б ни беше младиот Талески. Тактиката ни беше силно да ги напаѓаме нивните бекови. Затоа бев приморан да ја менувам зоната во одбрана и Талески одлично одигра во таквата улога, вели предводникот на македонските ракометни херои.

Тој додава дека ги видел сите коментари за нивниот напад по првиот натпревар против Тунис кој на Македонија и ја донесе првата победа и знае дека ќе ги анализираат нашите чекори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This