March 29, 2024, 11:02 am

НЕМА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, АКУШЕРКИ И ТЕХНИЧАРИ: Лошите плати, лошите услови и незаинтересираноста на власта ги избркаа медицинските сестри од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниските плати, лошите услови за работа, брзата квалификација во сестра со отворањето на многу средни медицински школи и недостиг на јасно определени компетенции се клучни за намалување на бројот на медицински сестри во јавното здравство кои заминуваат во странство или во приватните болници кај нас. Појавата на суфицитарен кадар ја доведува во прашање и безбедноста на пациентот, смета Велка Гавровска Лукиќ, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки – пишува порталот Здравство.мк

„Не може сите да работат, исто да бидaт платени. Не може да не се признае неформалното образование на сестрите, зборувам за постари сестри кои се специјализирани во одредена група и се ментори на работното место на помладите сестри. Значи мора да бидат мотивирани и наградени. Значи како ќе почне една сестра со таа плата оди во пензија со додатокот за стаж, нема мотивација“, кажа Велка Гавровска – Лукиќ за здравство.мк, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

Секоја професија за биде почитувана мора пред да има јасни критериуми за компетентност кои се присутни во многу меѓународни документи во Европската унија и затоа треба да биде формирано тело кое ќе ја регулира и контролира професијата, рече Гавровска- Лукиќ на редовното годишно Собрание на Комората на здравствени работници.

„Најголемиот проблем е токму тоа нашиот кадар сакаме да остане тука и истовремено Македонија да не извезува кадар, туку да остане тука за да можат во Република Mакедонија да го нaјдат своето работно место. Нормално дека мотивацијата на медицинските работници мора да биде во платата, во квалитетот, во континуираната едукација и во она што претставува гаранција за да останат во Р.М“, кажа Борис Георгиевски, Претседател на Комората на здравствени работници

Во моментов нема конкретна бројка колку заминале во странство, но се шпекулира дека се десет илјади со средно, вишо и високо образование, членови на Комората на здравствени работници на Република Македонија, не вклучувајќи ги докторите по стоматологија, фармација и општа медицина.

Со заминати 10 илјади медицински сестри и друг персонал, министерот ниту загрижен, ниту го прекинува одморот, за него ова не е алармантна состојба, за него ова е во ред и најнормално функционирање. Тоа што македонските пациенти се изложени на ризик да сестра или персонал со недоволно знаење се грижи за нив воопшто не го погодува или поттикнува на размислување министерот. Тоа што можеби има многу малку персонал, нељубезен е и неуслужлив никако не е причина за министерот Филипче да се запраша што и како може да смени и да се стави веднаш во акција за да ги промени работите во македонскиот здравствен систем.

Освен тоа во моментот по болниците низ Македонија се шпекулира и неофицијално се споменува информација низ круговите на медицинскиот персонал дека една медицинска сестра се грижи за 30 до 50 пациенти. Колку во тоа има вистина треба да се провери, меѓутоа и да е пола од таа бројка е алармантно бидејќи за 10 години од сега ќе биде уште пострашно. Ние како медицински персонал кои сме загрижени за ваквата состојба во здравството раазбираме зошто во овој момент министерот не го допираат овие работи и за него немаат никаква важност, првично мора да се оправда за тендерите кои ги има местено и за провизиите кои ги има земено, второ треба да обрне внимание на следните тендери кои ги мести да што помалку се дознае или збори за нив и трето за 10 години од сега тој можеби нема да биде министер, најверојатно нема, па во таа ситуација што тој ќе гледа и размислува за нешто што не е сега и со ставка итно, ќе биде за 10 години или во иднина.

Предметите со таква етикета очигледно за моменталниот министер се небитни, затоа и времето што им се посветува или треба да им се посвети го нема, а кога е притеснет и нема каде мора да направи средба со преставниците на медицинските сестри секогаш се „вади“ со ново ветување и „не берете гајле ќе средиме“ или „ова вака нема да остане“ и пак на крајот ништо. Го презентираа своето разочарување од работата на министерот и ни ги посочија погоре изнесените факти, ама неофицијално и ни се обратија дел од медицинските сестри на овој семинар кои ги затекнавме и со кои поразговаравме.

Извор
Здравство.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This