March 28, 2024, 12:17 pm

НЕМА МЕСТА ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ВЛЕЧЕА ПО УЛИЦИТЕ: Сестрата на портпаролот на Владата поставена за советник во Министерството за здравство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста се шпекулира дека Билјана Танеска, сестрата на владиниот портпарол Миле Бошњаковски, е поставена за советник во Министерството за здравство.

Бошњаковски во изјава за „Република“ ниту ја негира ниту ја потврдува информацијата. Само вели дека тој како портпарол нема никаква врска со поставување на јавни функции.

– Од вас слушам дека мојата сестра е поставена на функцијата. Се немам слушнато со неа и навистина не знам дали е поставена на некаква функција. Знам само дека таа претходно има работено на проекти на Министерството за здравство – ни рече Бошњаковски во краткиот телефонски разговор.

Инаку Билјана Танеска е медицински техничар, но има завршено Правен факултет. Информацијата за нејзиното поставување се уште не е објавена ниту на веб страницата на Министерството за здравство ниту на веб страницата на Владата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This