НЕМА МИЛОСТ ЗА РОДИЛКИТЕ: Мила Царовска незаинтересирана за тешкотиите на трудниците и младите мајки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната седница на Комисијата за труд и социјална политика, министерката Мила Царовска се изјасни против граѓанската иницијатива за зголемување на породилното отсуство на мајките.


Министерството за труд и социјална политика не го подржуваат предлогот за продолжување на породилното отсуство од сегашните 9 на 18 месеци.

Поднесувачите на измените во Законот за работни односи посочија дека е корисно за децата да бидат подолго со мајката, особено во време на доење. Велат дека на овој начин ќе се поттикне наталитетот, а не исклучуваат ниту овозможување на отсуство на таткото во ист период како и мајката. Велат дека доколку некој сака предвреме да го прекине породилното, треба да му се платат плус 50% од платата, нешто што исто така треба да биде уредено со закон.

Во вторник треба да се одржи јавна дебата за ова прашање на која ќе бидат поканети сите засегнати страни. Сепак, се чини дека овие измени се далеку од прифаќање, ако се има в предвид препораката на Министерството за труд за заземање негативен став по ова прашање која беше усвоена на 7-мата седница на владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This