April 26, 2024, 12:39 pm

НЕМА НАЗАД, ЗАКОНОТ МОРА ДА СЕ ДОНЕСЕ: Бујар Османи со ултиматум за донесување на законот за двојазичност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Нема назад од донесувањето на законот. Ова се последните обиди на деструктивните антиевропски и анти-НАТО сили кои се обидуваат да ја спречат земјата кон својата евроатлантска перспектива. Аргументите дека ако се усвои законот ние ќе ги спречиме реформите, мислам дека се неодговорни, ако има такви. Прво, меѓуетничките односи не можат да бидат колатерална штета на партиските агенди на политичките партии. Нема да дозволиме такво нешто“ изјави денеска вицепремиерот за европски интеграции Бујар Османи.

Тој, како што пренесува Алсат М, посочил дека „одговорноста за реформите не е само на политичките партии во владата“ и побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ да понесе одговорност.

Во владиниот реформски план именуван како „3-6-9“, законот претходно бил подвлечен со зелено, сметајќи го како завршена работа.

Спикерот на парламентот Талат Џафери вчера им даде рок од една недела на партиите да се договорат околу поднесените 35.000 амандмани поднесени за Законот за употреба на јазиците.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This