March 28, 2024, 11:27 pm

Heма не сакам – бomба од Софија: Блинкен им порачал, Македонија започнува преговори со ЕУ и точка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главната задача на новата влада – кога и да биде составена и изгласана ќе биде одмрзнување на преговорите за Македонија со Европската унија. Велат извори за Лупа.бг, кои се добро запознаени со политиката на американската амбасада во Бугарија

„Првиот и главен приоритет на идниот кабинет е укинување на бугарската блокада за Македoнија. Потоа, се разбира, ќе има владина криза. И ГЕРБ го чека само тој момент- некој друг да отстапи во преговорите со Македонија за да им светнат очите “, посочува за Лупа.бг политички аналитичар одлично запознаен со американската политика на Балканот.

Тој истакна дека сега сме во „слепа“ улица и во моментот се е повеќе од јасно.

„Американската амбасада, ДПС, Демократска Бугарија до одреден степен – тоа се факторите кои одредуваат што ќе се случи. И, неколку бугарски олигарси, се разбира. Сега олигархиските кругови се обидуваат да ја разберат распределбата на моќта. Прават се за да не го налути Херо Мустафа (американската амбасадорка) – затоа што мора да дискутира за влада што ќе ги одмрзне преговорите Македонија. Таква е волјата на Ентони Блинкен (државен секретар на САД) “, изјави за Лупа.бг врвен геополитичар во Бугарија.

Забележително е дека случајот „Македонија“ не е меѓу темите што имаат приоритет во партиските консултации што се во тек. Апсолутни приоритети за „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме!” остануваат борбата против корупцијата, уставните реформи, и чистењето на државните служби.

Од друга страна, денеска стана јасно дека Македонија има потпишано 12 договори за прекугранична соработка со Бугарија и Косово во вкупна вредност од 3,6 милиони евра. Средствата се обезбедени од програмата ИПА за прекугранична соработка на ЕУ.

„Ова е дел од подготвителната фаза за кобниот чекор. Нема да се извлечеме со овој чин – мораме да го укинеме ветото за Македонија “, навестуваат извори блиски до Владата, за Лупа.бг

Извор: Лупа.бг

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This