НЕМА НОВИ ВРАБОТУВАЊА: До формирање на нова влада, нема вработување во администрација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавни огласи за редовни вработувања на неопределно време нема уште од денот на распишување на изборите, а во овој меѓу период, имало ангажирања само на сезонски работици во ЈП „Македонски шуми“ и „Македонија пат“
lugje_ulica_Skopje

Додека не се формира влада, не може да се објавуваат огласи за редовни вработувања на неопределно време, изјави денеска министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска.

– Постои законска забрана, до формирање нова влада да има нови вработувања, освен во ситуации кога се работи за итни и неодложни активности при што е потребно институцијата да обезбеди потврда дека навистина се работи за такво нешто од страна на Државната комисија за спречување корупција, рече министерката, одговорајќи на новинарски прашања пред обраќањето на Глобалниот самит на жени лидери 2017.

марта

Според неа, јавни огласи за редовни вработувања на неопределно време нема уште од денот на распишување на изборите, а во овој меѓу период, имало ангажирања само на сезонски работици во ЈП „Македонски шуми“ и „Македонија пат“.

– Многу малку вработувања имаше во текот на минатата година, а сега, и во овој период, ќе видиме како ќе биде со изборите. Додека не се формира влада, не ќе може да се објавуваат огласи, потенцира Арсовска-Томовска.

Извештајот за вработувањата во 2016 година, рече, ќе биде објавен во текот на следните 15-на дена.

– Имаме законска обврска до 31 март да го објавиме Извештајот, но е во фаза на подготовка. Ќе видите точни податоци, каде, колку, зошто,…се реализирани вработувања, истакна Арсовска-Томовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This