Нема одлука за воведување на мерката за негативен ПЦР тест за лица кои транзитираат низ Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за заразни болести дискутираше за воведување на мерката негативен ПЦР тест за лицата кои транзитираат низ земјава, но немаше заклучок. Од Комисијата истакнаа дека ќе се дискутира повторно за таква мерка за државјаните кои доаѓаат од земјите кои се позагрозени од коронавирусот, истовремено разгледувајќи ја и епидемиолошката состојба во останатите држави.

„Сега за сега, Комисијата ја следи состојбата и доколку утврди дека има потреба, не исклучува дополнителни мерки. Со постојните мерки лицата кои транзитираат во земјава потпишуваат изјава дека за три часа ќе ја напуштат земјава и не претставуваат опасност за проширување на Коровавирусот во нашата земја“, истакнаа во нивното образложение од Комисијата за заразни болести.

Разгледувањето дали да се воведе мерката негативен ПЦР тест за транзит низ Македонија уследи откако од скопскиот аеродром во Финска пристигнаа 24 лица кои се позитивни на Ковид-19, а во авионот само двајца патници беа со пасош на Македонија. Финска ги стави во карантин 130 патници кои синоќа пристигнаа од скопскиот аеродром во Турку и ќе се тестираат за коронавирус. Министерот за внатрешни работи во заминување, Агим Нухиу побара од амбасадорот на Косово, Ѓерѓ Дедај да посредува кај властитие на Косово, да го разгледаат ѕкинувањето на мерката за ПЦР тест за државјаните на Македонија кои сакаат да транзитираат низ Косово. Србија, пак, разгледува воведување на мерката негативен ПЦР тест и карантин од 14 дена за странците од некои држави кои ќе влезат на српска територија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This