НЕМА ОДЛУКА, ПОВТОРНО ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ВО ПЕТОК: ДУИ ги прифатиле предлозите за двојазичност на СДСМ, но ќе има дополниелни консултации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во врска со предлог законот за албанскиот јазик, и на крајот даде едногласна согласност за текстот на законот. Како што се заклучува во расправата, во петок ќе продолжат состаноците и за другите делови на усогласувањето на потенцијалот за спроведување на платформата и споделување на власта“, вели Бујар Османи во изјавата дадена за медиумите по полноќ
bujar_dui_recica

Ова е многу важен закон за нас и столб на преговорите и од тука се оди многу внимателно,член по член , збор по збор за да се најде најоптималното решение кое што ќе затвори една важна тема од Рамковниот договор.

Цели шест часа траеше состанокот на претседателството во проширен состав на ДУИ, од каде неколку минути по полноќ беше соопштено дека иако се доближени ставовите по предлог законот за употреба на албанскиот јазик со СДСМ, сепак има уште многу работа и дека ќе се продолжи со работа на законот.

Рафис Алити пак, по средбата изјави дека „законот не може да биде совршен“ но дека раководството дало согласност да се продолжат преговорите со СДСМ.

Од ДУИ инсистираат дека одлуката на Претседателството не е „решение за владина соработка“, бидејќи сеуште имало отворени прашања за кои треба да се разговара со СДСМ за коалиција.

„Во петок ќе продолжат разговорите за другите прашања“ – додава Османи.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This