April 19, 2024, 12:46 am

НЕМА ПАРИ ЗА ПЛАТА, НО ИМА ЗА НОВИ 170 ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА: Министерството за земјоделие распиша оглас за вработување на 170 луѓе додека траат штрајкови за неисплатени плати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради неисплатени прекувремени ноќни и празнични часови, шумската полиција протестира пред Министерството за земјоделие.

Додека шумската полиција протестира пред Министерството за земјоделие, распишан е нов оглас за вработување на 170 луѓе во Македонски шуми.


Министерот за земјоделие Љупчо Николовски изјави дека до крајот на мај годинава треба да завршат преговорите за потпишување колективен договор со Шумската полиција.

Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, на денешната средба со претставници од Шумската полиција станало збор и за евиденцијата на прекувремени работни часови кои ќе се докажуваат со записници за одземање предмети и средства.

Се отворило и прашањето за материјало-техничките услови за работа на Шумската полиција, при што е договорено таа да има активна улога во измените и дополнувањата на Законот за шуми.

„Се дискутираше за постапката пред другите надлежни органи, со што ќе се увиди потребата од прекувремени часови. Се очекува до средината на мај да заврши процесот на преговори во однос на потпишувањето на колективниот договор“, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This