„НЕМА ПЛАТА ОД 100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА ЛEKAPИТЕ, ВЛАСТА ЛAЖE: Синдикатот реагираше на лaжнитe вести кои ги шири Филипче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот на Клинички центар ја потсетува власта дека лекарите немаат плата од 100 000 денари како што беше предвидено со програмата на СДСМ и ветено од Владата и ги негираат тврдењата на министерот за здравство Венко Филипче искажани на трибини на кампањата на „Прав пат“ каде вели дека“некои лекари согласно нашите ветувања земаат 100 000 денари“.

Во Синдикатот врдат дека основна нето плата на доктор специјалист во Клинички центар е 44.517,00 денари и е далеку од ветеното во програмата. Од ССКЦ даваат рок до првата недела на ноември да бидат повикани на разговор, во спротивно велат дека ќе преземат радикални чекори и ќе го повикаат членството на штрајк.

Во нивното соопштение тие потенцираат дека власта ќе ја изгуби довербата доколку не го исполни ова ветување бидејќи на трибините и јавните настапи, постојано се зборува дека здравството и спречувањето на одливот на здравствениот персонал е еден од врвните приоритети на Владата.

Соопштението на Синдикатот го објавуваме во целост.

„Г-дине Премиер, г-дине Министер за здравство, да Ве потсетиме дека ветивте основна плата на доктор специјалист во терциерно здравство од минимум 100.000,00 денари и двојно зголемување на основната плата на здравствените работници.

Согласно важечкиот Колективен договор, сегашната основна нето плата на доктор специјалист во Клинички центар е 44.517,00 денари и е далеку од ветеното во програмата.

Во случај да платата на здравствените работници биде покачена согласно програмата со право ќе го побарате и ќе можете да сметате на гласот на здравствените работници на претстојните парламентарни избори. Синдикатот на Клинички центар јавно ќе побара од своето членство да ја поддржи Вашата политичка опција.

Во спротивно, ќе ја загубите довербата не само кај здравствените работници, туку и кај поголемиот дел од граѓаните, бидејќи на трибините и јавните настапи, постојано истакнувавте дека здравството и спречувањето на одливот на здравствениот персонал е еден од врвните приоритети на Владата.

Се уште веруваме во ветеното дека докторите специјалисти во терциерното здравство ќе имаат основна плата од 100000,00 денари, а на медицинските сестри и останатиот здравствен персонал двојно ќе им се зголеми платата, што несомнено е главниот услов да се задржи здравствениот персонал во нашата држава.

Доколку, во најкус временски рок не превземете конкретни активности за реализација на ветенето покачување на платите, Синдикатот на Клинички центар на почетокот на наредниот месец ќе го консултира своето членство за превземање радикални чекори за остварување на оваа програмска определба, која Синдикатот на Клинички центар уште на почетокот во целост ја поддржа“, се вели во соопштението на Синдикатот на Клинички центар.

Со програмата беше ветено до крајот на мандатот дека платите на лекарите ќе бидат 100 000 денари, аплтите на медицинските сестри и остантиот медицински персонал ќе бидат зголемени двојно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This