НЕМА ПОВЕЌЕ „МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА“: Слоганот со кој се промивираше земјата експресно заменет по грчката реакција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слоганот „Македонија вечна“, со кој Република Македонија се промовира на Меѓународна туристичка берза (ИТБ) во Берлин, експресно бил заменет со натписот „Агенција за промоција и поддршка на туризмот – Република „С“ Македонија“ по бурата реакции на социјалните мрежи во Грција што ја предизвика објавената фотографија од македонскиот штанд, пишува „Дојче веле“ на грчки јазик.

По сугестија од грчката министерка за туризам Елена Кунтура, присутна на саемот, амбасадорот Теодорос Даскаролис го посетил штандот на „северниот сосед“ и на неговиот раководител му предочил дека натписите „Македонија“, „Македонија вашата следна дестинација“ и „Македонија вечна“ не се во согласност со Преспански договор. Одговорното лице ветило дека ќе ги промени.

Претходно, пак, за „Дојче веле“ од македонскиот штанд рекле дека немале доволно време за големи промени во пропагандниот материјал, но и оти договорот со Грција дава рок од пет години за спроведување на потребните приспособувања.

За разлика од рекламниот материјал, во кој доминира „Македонија“, логото на македонскиот штанд и во официјалниот список на изложувачи на саемот го содржат новото државно име.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This