April 23, 2024, 10:08 pm

НЕМА ПОВЕЌЕ ПОПУШТАЊЕ И КОНСТРУКТИВНОСТ: Целта е да нѐ скршат и да го замолкнат ВМРО, никогаш нема да ја постигнат целта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како никогаш досега во историјата на Република Македонија, па не и на цела Европа не се случило вакво класично политичко гонењена политичките противници. Стотина лица кои се дел од органите или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или замолкне, истакна на денешната прес-конференција претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

 

-Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто. Тоа што го зборувавме, тоа и се случи. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа и стана инструмент за политички прогон, СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес кој има политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази. Процесот е политички, а не правен. Таков политички процес треба да финишира со политика, а не правна цел. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, политичка елиминацијаи ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни за оној кој го креираше целиот овој процес, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This