НЕМА ПОВРАТ НА ДДВ АКО ИМАТЕ АЈФОН: Само корисниците на андроид ќе можат да ја користат апликацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корисниците на ајфон нема да може да ја симнат апликацијата „Мој ДДВ“ со која ќе може да се скенираат фискалните сметки.

Истата апликација засега е достапна само за андроид телефоните. Имено иако од денес стартува новата апликација преку која граѓаните ќе може да прават поврат на ДДВ кое го платиле преку целата година, таа ја нема на ИОС верзијата. Во Apple store апликацијата „Мој ДДВ“ апликацијата воопшто не постои. Граѓаните од утринава велат дека и покрај најавите дека апликацијата ќе биде достапна и за Google play store и за Apple store засега ја нема кај Apple store.

Она што треба да го прават граѓаните е да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари.

Повратот на ДДВ ќе се прави со скенирање на баркодовите од фискалните сметки на мобилните телефони. Мерката важи за сметките до 30 илјади денари кои не се постари од 10 дена. Единствено нема да може да се скенираат сторнираните фискални и за тие кои е издадена сметкопотврда.

Оние пак кои немаат паметни телефони и постарите лица кои имата пpoблем со технологија скенирањето на сметките ќе можат да го прават во центрите на УЈП. На парите од вратениот ДДВ нема да се плаќа персонален данок. Ваквата можност ќе важи за сите со наполнети 15 години кои имаат отворено сметка во банка и се регистриорани во системот за Е – даноци во управата за јавни приходи. Бидејќи мерката стартува на средина од годината, првата исплата ќе биде во декември, а од догодина ќе се прави квартално, односно во февруари, мај август и ноември. Според анализите од оваа мерка кај граѓаните ќе бидат вратени оклу 50 милиони евра годишно

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This